Македонија
Во понеделник 3.000 граѓани ќе примат вакцина Спутник во салата „Борис Трајковски“ во Скопје

Процесот на масовна вакцинација ќе започне во понеделник во Арената „Борис Трајковски“, каде е планирано да се вакцинираат нешто помалку од 3.000 граѓани“, најави денес министерот за здравство, Венко Филипче.
Како што истакна министерот на овој пункт, вакцинацијата ќе се одвива со руската Спутник, а ќе бидат опфатени вработени во МВР, АРМ, во јавни служби кои имаат голем број на контакти, новинари и другите групи, согласно Националниот план за имунизација.
„Околу 4000 луѓе на ден во просек ќе се вакцинираат вкупно на сите пунктови низ државата, вклучувајќи го овој пункт за вакцинација. Благодарност до менаџментот на Салата Борис Трајковски посебно на компанијата А1 коишто ги ставија на располагање сите капацитети во смисла на тоа да се обезбеди бесплатно пристап до интернет, технички ги опремија пунктовите со лаптопи, принтери итн. Апелирам граѓаните активно да се вклучат во процесот на вакцинација затоа што тоа е единствен начин да го победиме вирусот и да се вратиме на нашите нормални навики.“, рече Филипче.
Во спортскиот центар денес се одржа симулација на текот на спроведување на вакцинирањето со сите тимови. Граѓаните најпрво ќе влезат кај тимовите на Црвениот Крст, ќе одговорат на неколку прашања и ќе ја потпишат согласноста, по што преминуваат во еден од параваните за да ја примат вакцината. По вакцинирањето остануваат во салата уште 15-тина минути на опсервација.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година