Вести
Во понеделник во Гостивар изложба на Дана Крстеска
Во галерискиот простор на Центарот за култура АСНОМ во Гостивар во понеделник (5 ноември) ќе биде отворена ликовната изложба на Даница Дана Крстеска, под наслов „Пат низ времето“.
Изложбата содржи 25 дела, работени лазурно во техника масло на платно. „Идејата за концептот произлегува од секундарната филозофија на она за кое повеќе или помалку сите размислуваме, а тоа е нашата минливост, нашиот пат низ животот и времето. Оваа изложба е всушност ретроспектива на моето творештво во последните две години и чекорење низ мојата уметност, по мојот пат низ времето“, вели авторката.
Според Виолета Кариќ, историчар на уметноста, бројните дела во повеќегодишниот опус на Крстеска според ликовната морфологија се во релација со старите мајстори.
Даница Дана Крстеска е родена 1963 година во Гостивар. Со сликарство активно се занимава повеќе од 20 години. Ова е нејзина трета самостојна изложба, а отворањето е закажано за во 20 часот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград