Вести
Во поплави во Турција животот го загубија најмалку пет лица

Најмалку пет лица го загубија животот во поплавите во две турски провинции, кои беа разурнати во катастрофалниот земјотрес минатиот месец. Силниот дожд и поплавите создадоа дополнителен проблем за илјадници луѓе кои останаа без покрив над главата, истакнаа турски официјални претставници.
Едно лице загина во градот Тут во југоисточната провинција Адијаман, кога водата однела контејнер во кој живеела група преживеани од земјотресот, изјави гувернерот Нуман Хатипоглу. Четири лица од Тут се водат како исчезнати.
Во соседната провинција Шанлиурфа четири лица загинаа, а двајца пожарникари исто така се водат како исчезнати по поплавите, изјави гувернерот Салих Ајхан за „ХаберТурк“.
Силен земјотрес ги погоди јужните делови на Турција и Сирија на 6 февруари, кога загинаа повеќе од 56.000 луѓе, од кои повеќето во Турција.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава