Гостивар
Во пораст ракот на дојка кај жените, трибина во Гостивар за подигнување на свеста
Апел за редовни самопрегледи и медицински прегледи, контроли и поголема грижа за здравјето упатија лекарите до жените на трибината која се одржа вечерва во Гостивар под мотото „Да ја подигнеме свеста за рак на дојка“. Стручните лица посочуваат дека се бележи зголемување на бројот на жени со карцином на дојка и дека клучен фактор за успешно излекување е навременото откривање и третман.
„Превенција на карциномот воопшто и на карциномот на града е што порано дијагностицирање. Значи жените треба да практикуваат самопрегледи и ова е најбитно за да може да реагираат кај лекарите доколку има потреба, потоа да прават ехо и мамографија. За жал во последно време има еден благ пораст на бројките кои ги имаме на жени со карцином на града.“, рече онкологот Илир Исмаили, еден од говорниците на трибината.
Настанот го организираше Одделението за социјална, здравствена и детска заштита на Oпштина Гостивар во соработка со Здружението на пациенти „Езра“.
„Ние како општина се обидуваме повремено да организираме ваков тип на едукативни предавања, трибини кои се од корист на граѓаните за да бидат информирани за медицински теми и збиднувања во медицината“, кажа градоначалникот Арбен Таравари.
На настанот кусо поздравно обраќање имаше и министерот за здравство Фатмир Меџити, а пред присутните зборуваше и торакалниот хирург Илир Вела.
Инаку, минатата година во Македонија биле регистрирани над 800 нови случаи на рак на дојка.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар