Гостивар
Во пресрет на доаѓањето на печалбарите подготовки и мерки за ред во сообраќајот

Поради тоа што во текот на летните месеци на подрачјето кое го покрива СВР Тетово, се очекува да се вратат голем број иселеници кои привремено работат и живеат во странство, се преземаат мерки и засилени активности за да се овозможи нормален и тековен сообраќај низ централните подрачја на градовите Тетово и Гостивар, во врска со погрешно и непрописното паркирање на возилата, информира полицијата.
Од СВР напоменуваат и дека се разговарало со локалните самоуправи за отворање на дворовите на некои основни и средни училишта кои гравитираат во централните делови на градовите за да се овозможи паркирање на возила за да се избегне двојното, односно паралелно паркирање, како и паркирање во зона на раскрсници, на тротоари, пешачки премини и слично, а возилата што ќе го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот ќе бидат подигнати општинските „пајак“ служби.
Во изминатите четири месеци од годинава, поради погрешно и непрописно паркирање, преземени се над 1320 мерки, а со пајак служба биле подигнати се околу 610 возила, кои директно го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот и за прекршителите издадени се соодветни платни налози и тие ќе се соочат со парични казни предвидени со закон.
Секторот за внатрешни работи-Тетово, поради претстојниот период на враќање на нашите иселеници и очекуваното зголемување на фреквенцијата на сообраќајот, апелира возачите да ги почитуваат правилата и законските прописи во сообраќајот за да се избегнат сериозни последици и застој во сообраќајот, да бидат совесни и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести