Поврзи се со нас

Вести

Во претшколска возраст настануваат големи промени во социјалниот свет кај децата

Објавено

на

 

Првата социјална реакција кај детето е насочена кон возрасните, додека пак првиот социјален контакт детето го остварува со родителите. Првата социјална реакција кај детето е позитивната реакција насочена кон родителот.

Во предшколска возраст кај деца од две до шест годишна возраст социјалното однесување на децата се изразува од релативна несоцијалнo до изразито социјално однесување, во овој период децата учат да се прилагодуваат со возрасните, да соработуваат во играта со другите деца, детето се пoдготвува за активно вклучување во група со други деца пред тргнување на училиште.

Во овој период од две до шест години важен е бројот на деца со коишто детето било во контакт, така да децата коишто посетуваат градинка остваруваат поголем број на социјални контакти одошто оние кои што не биле во контакт со други деца.   Во периодот на предшколските деца настануваат големи промени во социјалниот свет кај децата, од светот каде што се присутни само родителите, детето влегува во светот на врсниците, започнува да се дружи со онаа група на деца со кој што се и психички и физички на исто ниво.   Во овој период детето има поголема самостојност во вршење на одредени работи,има поголема слобода во воспоставување на нови социјални контакти и детето го наоѓа своето место во светот на врсниците. За да биде детето спремно на овој нов социјален свет тоа треба да преземе на себе одредени одговорности, да има оформено поим за себе во однос на другите и да биде доволно реално за да може да се прилагоди со другите.

Како расте детето се помалку време поминува со возрасните. Се поголем интерес детето има во изнаоѓање на пријатели на своја возраст, а се помал му е интересот во дружењето со возрасните. На две години детето е зависно од возрасните, додека пак една година подоцна детето пружува отпор и сака да се осамостои и да биде независно од своите родители. Со дете од три години е тешко да се соработува, со наполнување на четири и пет години веќе детето е спремно за соработка, сака да добие пофалби од возрасните, а се труди да не добива од нив казна. И покрај тоа што детето како расте се повеќе пружа отпор кон авторитетот на возрасните, сепак е под нивно влијание, не само во однесувањето туку и во формирањето на социјалните ставови.

До втората година децата си играат сами, доколку во просторијата има и други деца кои што играат иста игра, секое дете си игра само нема никаква интеракција помеѓу децата. Единствен контакт на оваа возраст е имитирање, посматрање и настојување да му се земе играчката на другото дете која што привлекла внимание.

По наполнување на третата и четвртата година кај децата започнуваат социјалните игри во тој период детето знае да ракува со предметите,з нае да се дружи, говорот е развиен, во овој период децата започнуваат да си играат заедно, меѓусебно да разговараат и да прават избор со кој деца сакаат да си играат. Како расте детето се зголемува и бројот на другарчиња со коишто детето игра од две другарчиња во третата година до три или четири во шестата година. Групите децата ги формираат според возраста и според полот, а однесувањето на децата во групата зависи од меѓусебното посматрање, разговорот и вербалните сугестии.

Како резултат на раните социјални контакти коишто детето ги има со возрасните и врсниците детето започнува да формира видови на социјално однесување кое што ќе биде од голема важност за детето како во детството така и тогаш кога детето ќе стане зрела личност.

Преку играта со другите деца детето учи како да се однесува во групниот живот, како да пружи, да прими и да дели она што е негово со другарчињата во играта. Преку имитација на постапките, зборовите и емоциите на другите детето се труди да стане слично со своите другарчиња во играта и го усвојува однесувањето кое што го одобрува групата.

Некои облици на однесување коишто се јавуваат во раното детство навидум изгледаат несоцијално, па дури и антисоцијално по своите карактеристики. Во суштина секоја од тие карактеристики имт некое значење во процесот на социјализацијата. Секое има свое значење во преминот на детето од несоцијално, егоцентрично во социјално дете.

 

пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство,

Центар за социјална работа

Гостивар

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена