Поврзи се со нас

Вести

Во првата смена во ОУ „Единство“ утрово не се држат часови поради неисплатени плати, Синдикатот во преговори

Објавено

на

Утрово во ОУ„Единство“ во Гостивар не се одржува настава. Наставниците се решиле на ваков чекор, поради неисплатените плати за ноември што ни го потврдија претставниците на синдикатот од ова училиште.

Плати за ноември нема за вработените во сите основни и средни училишта на подрачјето на општина Гостивар, но таму за сега нема бојкот на наставата. Од Регионалното одделение на Синдикатот за образование соопштија дека се во преговори со градоначалникот и со претседателот на Советот за што побрзо да се изврши исплата на платите.

„Формирана е петчлена работна група која ги врши преговорите. Ние инсистираме да се овозможи наставниците да си ги земат платите што поскоро, сите се со кредити, доѓаат празници. Очекуваме одговор во текот на денот, по што ќе донесеме одлука како Синдикат кои ќе бидат нашите следни чекори“, изјави Тафа Амети, претседател на регионалниот синдикат информирајќи дека одлуката во ОУ„Единство“ е индивидуална.

Исплатата на платите за вработените во образованието се врши со средства од дотации од Министерството за образование и 10% од општинскиот буџет. Парите од Министерството се стигнати, но не е извршен ребаланс на буџетот на општината. Токму одлуката за ребаланс на буџетот за образование беше предмет на препукувања меѓу мнозинството во Советот и локалната власт на последната седница.

Неофицијалните и се уште непотврдени информации се дека во текот на денот градоначалникот Арбен Таравари и претседателот на Советот Насир Муслиу ќе се состанат да се обидат да го надминат проблемот.

Во основните и средни училишта во Гостивар плата чекаат околу 1.000 вработени.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 5 часа

Невреме во Словенија, снег во Хрватска, студ во БиХ

Гостиварпред 7 часа

Повик за невработени за платено практиканство по 11.000 денари месечно

Гостиварпред 9 часа

Завршени 89% од експропријацијата за автопатот Гостивар-Тетово, 27% за Букојчани–Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Болните и изнемоштени до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

Македонијапред 10 часа

За една година 5.365 помалку ученици во училиштата во Македонија

Културапред 11 часа

Во Гостивар во четврток изложба и перформанс на Бојана Артиновска

Спортпред 13 часа

Познати 11 кошаркари на „дрим тимот“ на САД за Олимписките игри

Гостиварпред 15 часа

Пожари кај Бунец, меѓу Сретково и Церово, во атар на Горјане…Над тетовско Селце гори неколку дена

Гостиварпред 16 часа

Метеоролозите со предупредување за локално невреме

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена