Гостивар
Во регион на Гостивар 7.386 невработени, на списокот 2 доктори на наука и 47 магистри

Според официјалната статистика објавена од државната Агенција за вработување, на листата на невработени на гостиварското подрачје заклучно со декември минатата година, регистрирани се се вкупно 7.386 граѓани.
Во однос на образованието на лицата, евиденцијата на невработени е разнолика, односно има граѓани кои немаат никакво образование, но и високообразовани со факултетски дипломи и магистерски титули. На списокот невработени евидентирани се 5.237 лица со основно или без никакво образование. Со завршено средно образование без работа се 1.495, додека со факултет ги има 331. На списокот невработени се 47 магистри на науки и двајца доктори на наука.
Висока е бројката на граѓани кои се невработени повеќе години. Околу третина од евидентираните, чекаат вработување три или повеќе од три години. Над 1.097 се невработени осум или над осум години.
Според податоците од Агенцијата, во јануари 2024-та во земјава биле регистрирани 105.803 невработени лица, додека годината завршила со 96.828 невработени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог