Поврзи се со нас

Гостивар

Во регион на Гостивар лани имало 101 случај на шуга

Објавено

на

Во јануари годинава биле регистрирани 28 случаи на шуга од кои 16 во Скопје. Истите не биле поврзани меѓусебно, односно болеста не се јавувала во епидемиска формаПодатоците на Институтот за јавно здравје објавени денеска покажуваат дека минатата година е забележан пораст на лицата заболени од шуга, односно биле евидентирани 493 лица за разлика од 2023 година кога имало 337 заболени лица. Најголем број заболени минатата година биле регистрирани во Скопје – 182, Куманово – 108 и Гостивар – 101.

Во периодот од 2014 до 2023 година, најмногу заболени имало во 2015 година кога се евидентирани  527 лица, а најмалку во 2021 година кога имало 151 лице заболено од шуга.

-Во Северна Македонија, шугата главно се појавува во социјално загрозени групи, како и во институции со повисок ризик за пренос, како што се училишта, домови за стари лица и други колективни средини, посочуваат од ИЈЗ.

Од таму појаснуваат дека шугата е паразитска инфекција предизвикана од мал паразит, познат како „sarcoptes scabiei var hominis“. Овој паразит продира во горниот слој на кожата, каде што се размножува, предизвикувајќи силен осип и неподносливо чешање. Но, шугата не е само непријатност – таа може да доведе до сериозни компликации како што се бактериски инфекции на кожата, сепса, па дури и заболувања на срцето и бубрезите, наведуваат од ИЈЗ.

На глобално ниво, над 200 милиони луѓе страдаат од шуга во било кој момент. Во сиромашни тропски региони, процентот на заболени кај децата се движи од пет до 50 проценти. Шугата најчесто се јавува во густо населени заедници каде што хигиенските услови се несоодветни.

-Симптомите на шугата може да се јават четири до шест недели по инфекцијата. Најчесто се манифестираат како силно чешање, најинтензивно ноќе. Најчеста локализација на промените се вдлабнатините – браздите помеѓу прстите на рацете и нозете, свивките на лактите, предните набори на пазувите, папокот, половината и регионот на препоните. Грбот е ретко зафатен, а главата и тилот обично не се зафатени. Важни дијагностички знаци се скабиозните канали, на чиј крај може да се види црна точка. Исто така, можат да се забележат и други кожни промени по телото, од типот на макули и папули. Во почетокот на болеста постојат скудни кожни промени, но, пациентот е заразен за околината. Со развојот на алергијата, се засилува и јадежот. Кај малите деца, осипот може да се јави и на дланките, стапалата и скалпот. Кај лицата со послаб имунитет, особено кај хронично болните и лицата со ХИВ, може да се развие крустозна шуга. Ова е сериозна форма што предизвикува суви, лушпести области на кожата, со илјадници до милиони грини. Оваа форма е високо заразна и бара интензивен третман, појаснуваат од ИЈЗ.

Шугата се пренесува преку директен близок физички контакт кожа на кожа со заразено лице -заедничко живеење, спиење, многу често при кампувања и кај лица кои живеат во лоши хигиенски услови.

-Ризикот е особено висок во домови, училишта, болници или бегалски кампови. Пренос преку облека или постелнина е поредок, но, сепак, можен. Важно е да се напомене дека заразеното лице може да ја пренесе болеста дури и пред да развие симптоми, што ја прави шугата предизвик за контрола, потенцираат од ИЈЗ.

Од Институтот алармираат дека освен непријатноста од чешањето, шугата може да предизвика сериозни компликации.

-Долготрајното чешање и оштетувањето на кожата создаваат услови за бактериски инфекции, како импетиго, што може да преминат во сепса – состојба опасна по живот. Во тропските области, шугата често е поврзана со акутни и хронични заболувања на бубрезите и срцето, како што се пост-стрептококен гломерулонефритис и ревматски срцеви заболувања, истакнуваат од ИЈЗ.

Се препорачува избегнување на контакт со заразени лица, особено ако имаат чешање или осип. Доколку некој од семејството има шуга, да се лекуваат сите членови на семејството, дури и ако немаат симптоми. Постелнината, облеката и предметите за лична употреба треба да се перат со топла вода и да се сушат на висока температура или на сонце. Чистењето на просториите со вакуум или миење е од помош, особено ако има заразени лица.

-Третманот за шуга е едноставен, но, бара внимание. Најчесто користени се: топикални кремови, како што се пет отсто „перметрин“ или 10-25 проценти „бензил бензоат“. Оралниот лек „ивермектин“, што е многу ефикасен, но, не е препорачан за бремени жени и мали деца. Важно е да се повтори третманот по седум до 14 дена за да се елиминираат новоизведените грини. Лекувањето треба да го опфати целото домаќинство за да се спречи повторна инфекција, истакнуваат од ИЈЗ.

Во текот на вчерашниот ден беше соопштено дека во кумановско Романовце има еден потврден и три сонителни случаи.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 10 часа

„Wind Down“: TikTok со новитет за подобар сон и дигитален баланс

Светпред 12 часа

Пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Спортпред 15 часа

Македонските кошаркари во група во Унгарија и Романија во мундијалските претквалификации

Светпред 17 часа

Укинувањето на сезонско сметање на времето е сѐ уште во игра

Гостиварпред 18 часа

Седница на Советот на Гостивар за финансиите на општината и јавните претпријатија во 2024-та година

Занимливостипред 19 часа

Среќен Пи (π) ден – роденденот на најпознатата математичка константа!

Гостиварпред 20 часа

Проблемот со кучињата скитници во Гостивар стаса до општинскиот Совет

Гостиварпред 20 часа

Девојка од Гостивар пријавила дека братот противправно ја држел затворена во домот

Светпред 22 часа

Голем студентски протест утре во Белград, властите предупредуваат на можни немири

Гостиварпред 3 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Рецептипред 4 недели

Војнички грав – Легендарниот вкус од војничкиот казан на ЈНА

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена