Вести
Во Русија лани создадени 22 нови милијардери

Во текот на минатата година, најбогатите луѓе во Русија го зголемија своето богатство за 152 милијарди долари благодарение на високите цени на природните ресурси, објави магазинот Форбс.
Според руското издание на Форбс, Русија има 110 милијардери, 22 повеќе од минатата година. Нивното богатство се зголемило од 353 на 505 милијарди долари. Списокот би бил подолг доколку пет милијардери не се откажале од руското државјанство, пишува Форбс.
Руската економија се намали за 2,1 отсто под притисок на западните санкции, но таа беше во можност да продава нафта, метали и други природни ресурси на светските пазари, особено во Кина, Индија и на Блискиот Исток.
Светската листа на Форбс годинава не може да се пофали со оптимистичка статистика – втора година по ред опаѓа бројот на милијардери, како и нивното вкупно богатство. Во САД, на 735 милијардери им се избришани 200 милијарди долари од нивната колективна нето вредност, а во Кина, 735 милијардери забележаа пад на нивната нето вредност за 300 милијарди долари, според Форбс.
Андреј Мелниченко, основачот на Еурохем и СУЕК, за прв пат го зазеде првото место на руската листа на Форбс – неговото богатство се зголеми повеќе од двојно во текот на годината, на 25,2 милијарди долари. Ова се случи главно поради растот на вредноста на Еурохем, која произведува ѓубрива.
Најбогатите десет:
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение