Вести
Во САД почнува продажба на пилешко од лабораторија

По одлука на американската Администрација за храна и лекови, компанијата „Апсајд фудс“ (Upside Foods) наскоро ќе може да продава пилешко произведено од животински клетки и одгледувано во биореактори.
Остануваат само два помали регулаторни чекори пред месото произведено на овој начин, без убивање животни, да биде достапно за јавноста. Производните капацитети на „Апсајд фудс“ мора да бидат подложени на дополнителна проверка од Министерството за земјоделство, а крајниот производ ќе мора да има етикета за потврдена извршена проверка пред месото да излезе на пазарот. Ова месо засега и натаму ќе биде наменето за тесен круг ексклузивни ресторани во САД.
Ума Валети, извршен директор на „Апсајд фудс“ нагласи дека намерата е – јавноста прво да го проба нивното пилешко во одредени (специјализирани) ресторани, пред тоа да може да се купи и да се готви дома.
Готвачката со „Мишелин ѕвезда“, Доминик Крен веќе најави дека ќе го послужува „култивираното месо“ во нејзиниот ресторан во Сан Франциско.
Ова месо, инаку, содржи вистински животински клетки и – во теорија, не се разликува од вистинското месо. Клетките првично се изолирани од животното и се развиваат во клеточни линии коишто потоа се замрзнуваат. Мали примероци од овие клеточни линии потоа се пренесуваат во биореактори – обично големи челични комори, каде што клетките се „хранат“ во соодветен раствор што содржи хранливи материи кои поттикнуваат клеточна делба. Кога клетките се размножуваат и се диференцираат во соодветен вид ткиво, тие можат да се соберат и да се користат во култивирани месни производи.
Но, месото одгледано на овој начин сè уште е исклучително скапо. Компаниите ги држат вкупните трошоци во тајност, но веројатно, ваквото месо сепак ќе биде неколкупати поскапо од конвенционалното месо.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!