Поврзи се со нас

Вести

Во Србија се појави нова дрога, ја викаат „блади мери“ и „јагода“

Објавено

на

Низ улиците на Србија се појави нова дрога, објави РТС. Според нивното пишување, станува збор за психоактивна супстанца која има стопати посилно дејство од марихуаната.

Ефектите на синтетските канабиноиди се слични на марихуаната, но имаат стопати посилно дејство и се појавуваат десет минути по конзумирањето на дрогата. Се јавува црвенило на очите и конјуктивит, забрзан пулс, сува уста, промена на расположението и перцепцијата.

Последиците се чувствуваат и наредните денови, а ефектот во континуитет трае шест часа. Користењето на тие супстанци во светот е поврзано со зголемен број смртни случаи, но и самоубиства, јавува РТС.

„Има голем ризик од срцев удар, откажување на бубрезите, проблеми со дишење. Не знаеме точно под кое име се продава на улиците, бидејќи има преку 600 термини. Најчесто се среќава под името „јагода“ и „блади мери“. Важно е да се знае дека конзумирањето може да предизвика опасни последици по здравјето“, вели Јелена Јанковиќ од Комисијата за борба против дрога на Министерството за здравство.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена