Вести
Во Србија започна производството на вакцината „Спутник V“

Рускиот фонд за директни инвестиции и Институтот за вирусологија и вакцини Торлак, објавија дека започна производството на руска вакцина против корона вирусот “Спутник V” во Р. Србија, што ја прави прва земја во Јужна Европа што произведува “Спутник V”.
„Производството во институтот Торлак е во согласност со најстрогите стандарди. Во иднина вакцините ќе може да се извезуваат и во земјите од регионот. Во согласност со постигнатите договори производството на вакцината успешно започна за рекорден краток временски период. Србија е прва европска земја која започна со производство на Руска вакцина”, рече директорот на Руски фонд, Кирил Дмитриев.
BREAKING: #Serbia starts #SputnikV production!
RDIF & Institute of Virology, Vaccines and Sera “Torlak” join forces to bring more Sputnik V vaccines to the world!
— Sputnik V (@sputnikvaccine) April 14, 2021
Од РФДИ информираат уште и дека „Спутник V“ е регистриран во 60 земји во светот со вкупно население од три милијарди луѓе, додавајќи дека ефикасноста на вакцината е 91,6%, како што беше потврдено од податоците објавени во Лансет, едно од најстарите и најценети медицински списанија во светот.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград