Гостивар
Во среда навечер во Гостивар промоција на новата стихозбирка од Дејан Крстески
Поетот и писател Дејан Крстески во среда (23 октомври) ќе ја промовира својата нова стихозбирка „Херои од хартија“ пред љубителите на пишаниот збор во Гостивар. Низ страниците на книгата поместени се 37 песни, кои ги допираат темите за смислата на животот, човековата душа, неопходноста од постојана борба како со општествените состојби, така и со себе си…
„Движејќи се низ многу мисловни одредници авторот, пред читателот создава еден поинаков свет-свет исполнет со копнеж, вистина, трагања по егзистенцијалното, како и жртвување за љубовта.“, наведува рецензентот на збирката Киро Кипроски, кој ќе има свое обраќање и на промоцијата.
Модератор на настанот ќе биде Константина Ѓурковиќ, а стихови ќе чита Билјана Дејановска. Промоцијата ќе се одржи во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар, со почеток во 19 часот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград