Поврзи се со нас

Спорт

Во супер возбудлив натпревар КК Гостивар загуби од Академија ФМП

Објавено

на

Во супер возбудлив натпревар во „Младост“, кошаркарите на Академија ФМП ја совладаа екипата на КК Гостивар со резултат 64-70.

Гостиварци водеа само во воведните минути од натпреварот со 2-0 и 6-5, во останатиот дел ФМП успеаваше да ја одржи предноста. Гостите од Скопје по првите 10 минути имаа предност од (10-19) на паузата се замина со резулат 28-36.

Третиот период им припадна на домаќините добивајќи го (20-18), во последниот квартал Гостивар максимално притискаше успевајќи и да израмни на 7 минути пред крајот (54-54), но во клучниот момент со лесно загубена топка не успеа да стигне до целосен резултатски пресврт, по што кошаркарите на ФМП останаа присебни во финишот на натпреварoт, поставувајќи го крајниот резултат 64-70.

Ајви со 24 поени беше најпрецизен кај ФМП, додека Дејли со 21 поен најпрецизен кај гостиварци.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена