Поврзи се со нас

Вести

Во тек е годишната обнова на документи за социјалците во Гостивар

Објавено

на

Тече рокот за задолжителната годишна обнова на документите за корисниците на социјална парична помош. Во Центарот за социјална работа во Гостивар, над 1.100 корисници веќе ја обновиле документацијата. Останатите, кои се` уште не ја завршиле обврската, имаат време тоа да го сторат до 27-ми јануари. Од Центарот апелираат корисниците да го почитуваат законски предвидениот рок, за да не ја изгубат социјалната помош.

„Формуларите кои граѓаните треба да ги пополнат, за да ја потврдат материјалната и семејната состојба, може да се подигнат на шалтерите во нашите стручни служби и се бесплатни“, вели Ивица Симоски, директор на Центар за социјална работа во Гостивар. Корисниците со себе треба да имаат важечка лична карта.

Установата паралелно со документите за обнова прима и нови барања од граѓани кои за прв пат се пријавуваат да користат социјална помош. Овие барања ги разгледува комисија, се врши увид на терен, па потоа се носи решение за прифаќање или одбивање.

Минатата година на подрачјето на општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше беа евидентирани 2.600 приматели на социјална парична помош.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена