Култура
Во тек е конкурс за есеј по повод Денот на ослободувањето на Гостивар

Основците и средношколците од гостиварските училишта кои имаат желба и талент за пишување, може да учествуваат на конкурсот распишан по повод 18-ти Ноември, Денот на ослободувањето на градот. Традиционално Општинскиот одбор на сојузот на борци, како организатор на одбележувањето претходно отвора конкурс за најдобар есеј. Годинава учениците пишуваат на тема: „Слободата е нашата сегашност и патоказ за посветла и посреќна иднина на сите нас“ . Должината на текстот треба да биде од 400 до 500 карактери.
„Веќе ги известивме сите основни и средни училишта за конкурсот и очекуваме како и секоја година, да има голем интерес од страна на учениците и менторите. Делата ќе ги оценува посебна комисија и најдобрите ќе бидат наградени на самата манифестација по повод 18-ти ноември“, велат од гостиварската боречка организација.
Конкурсот трае до 13 ноември, понеделник, а учениците есеите ги доставуваат до училиштата. Манифестацијата за Денот на ослободувањето на градот ќе се одржи следниот петок.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!