Вести
Во тек е конкурс за стипендирање на студенти Роми
Министерството за образование и наука објави конкурс за стипендирање на студенти Роми. За студиската 2018/2019 година ќе бидат доделени 130 стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високо образовни установи во Република Македoнија.
Како што е наведено во конкурсот, право на стипендија имаат студентите кои ги исполнуваат следните услови:да се припадници на Ромската етничка заедница, да се државјани на Република Македонија и да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании.
Висината на стипендијата изнесува 5,000 денари месечно за девет месеци во текот на една студиска година. Поднесувањето на документите трае до 3 февруари, а детали за условите, потребната документација, критериумите и друго од конкурсот може да се најдат на веб страната на МОН.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар