Поврзи се со нас

Македонија

Во тек е отворен оглас за невработените лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис

Објавено

на

Во тек е јавен оглас на Агенцијата за вработување за невработените лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис преку Проектот за самовработување со кредитирање.

Право на учество имаат сите евидентирани невработени лица без оглед на времетраењето на невработеноста, односно невработени лица активни баратели на работа  кои се на евиденција 1 ден пред објавување на јавниот оглас.

Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:

-За дејности од помал обем за секое новоотворено работно место може да се добијат кредитни средства по 3.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 3 работни места, односно до 9.000 евра;

-За дејности од поголем обем за кредитобарателот по 5.000 евра, а за секое новоотворено работно место по 3.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места, односно до 17.000 евра;

-Рок на враќање на средствата е 3 години со вклучен грејс период од 1 година за кредит до 9.000 евра, односно 5 години со вклучен грејс период од 1 година за кредит над 9.000 евра;

-Каматна стапка од 1% на годишно ниво;

-Сопствено учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на  бараниот кредит (во вид на опрема, предмети и/или пари);

-Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит, или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за кој правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит;

-Дополнителни стимулативни средства до 1.000 евра за лица кои се невработени по основ на технолошки вишок, стечај или ликвидација што имаат користено паричен надоместок најмалку 6 месеци и се невработени повеќе од 3 години.

Заинтересираните невработени лица барање за кредит можат да поднесат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Република Македонија, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02/3111-850 и web страната www.avrm.gov.mk.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена