Поврзи се со нас

Македонија

Во тек е пријавување на бруцошите за сместување во студентските домови

Објавено

на

Министерството за образование и наука ги потсетува студентите од прва година запишани на јавните и приватните високообразовани институции во државата дека во тек е аплицирањето за место во државните студентски домови и други објекти за сместување за студиската 2021/2022 година. Крајниот рок за поднесување на апликациите е 24.9.2021 година.

Условите, критериумите и потребните документи за остварување на правото на сместување во студентски дом се наведени во конкурсот кој е објавен на следниот линк.  Студентите кои ги исполнуваат условите пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во студентскиот дом.

За бруцошите се предвидени 1249 места во студентските домови.

За слободните места во студентските домови, кои се останати непополнети по објавување на конечните списоци, пријавувањето ќе продолжи сé до пополнување на истите, но не подоцна од 15.11.2021 година. Согласно информациите по објавата на резултатите од аплицирањето на студентите од втора и повисоките години на студии, останати слободни места  има во студентскиот дом „Пелагонија“ (300), во „Кузман Јосифовски – Питу“ (30), „Томе Стефановски – Сениќ“ (110) и во третата зграда во „Стив Наумов“ (300).

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена