Гостивар
Во тек е пријавување за вадење на светиот крст на Водици во Гостивар

На 19 јануари претстои големиот христијански празник Богојавление-Водици, кој во Гостивар секоја година се прославува масовно, со литија низ градските улици и положување на светиот крст во Вардар.
Иницијативниот одбор за чествување на празникот информира дека сите заитересирани за вадење на чесниот и животворен крст од водите на Вардар може да се пријават на: 078-998-554 или 070-388-427.
Инаку, церемонијата започнува во 11:30 часот од пред храмот „Успение на Пресвета Богородица“, од каде тргнува литијата и завршува на кејот на Вардар, каде што ке се одржи чинот на осветување на богојавленската вода и полагање на светиот крст.
Богојавление – Водици народот го празнува како еден од најголемите христијански празници. На тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител, во реката Јордан. Со тоа се укажува на значењето на крштевањето како една од светите тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава