Поврзи се со нас

Македонија

Во тек е пријавувањето за финансиска поддршка од 1.000 денари месечно за електрична енергија – рокот до 19 април

Објавено

на

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е активен јавниот оглас за финансиска поддршка наменета за ранливи потрошувачи на енергија, кој се однесува на 2025 година.

    Мерката предвидува намалување на месечната сметка за електрична енергија во износ од 1.000 денари, за период од 12 месеци, почнувајќи од денот на поднесување на барањето. Пријавувањето трае 30 дена од објавувањето на огласот, односно до 19 април.

    Право на поддршка имаат:

    • Домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост,
    • Корисници на посебен додаток со нето приход во 2024 година под одредени граници (од 42.000 до 80.000 денари, зависно од бројот на членови),
    • Згрижувачи на лица, корисници на надоместок за згрижување, со доход под утврдените граници (од 42.000 до 160.000 денари).

    Граѓаните кои веќе примаат паричен додаток за енергенси или финансиска поддршка за стари лица не се опфатени со оваа мерка.

    Барањето за финансиска поддршка се поднесува со пополнет образец (Образец 1 или 2), достапен во архивата на Министерството и на веб-страницата: www.ea.gov.mk, заедно со следната документација:

    • Изјава заверена на нотар за точност на податоците,
    • Фотокопија од соодветно Решение за додаток или надоместок,
    • Фотокопија од последна сметка за електрична енергија,
    • Фотокопија од лична карта,
    • Доказ за членовите на домаќинството.

    За повеќе информации, граѓаните можат да се обратат на електронската адреса: [email protected].

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена