Поврзи се со нас

Вести

Во Тетово фатени албански државјани со две вреќи марихуана

Објавено

на

 

Две лица од градот Кукс, Албанија вчера попладне во Тетово биле фатени со црни најлонски вреќи во кои имало марихуана. Од Секторот за внатрешни работи  известуваат дека лицата на возраст од 24 и 34 години, биле лишени од слобода околу 16 часот и 20 минути во Тетово.

„Албанските државјани со себе носеле по една црна најлонска вреќа со непозната тревлива материја, најверојатно марихуана и штом ги забележале полициските службеници, веднаш ги фрлиле вреќите и почнале да бегаат. Едниот од нив, меѓутоа брзо бил фатен, додека вториот продолжил со бегање, се оглушил на наредбите на полициските службеници, поради што бил испукан еден предупредувачки куршум во воздух. За кусо време и тој  бил стигнат на улица „108“, пружил активен отпор, но ефикасно е совладан и внесен во службеното полициско возило“, стои во соопштението.

Двете вреќи во кои имало вкупно околу 3 и пол килограми тревлива материја се фотодокументирани и одземени за вештачење.

Лицата се задржани во Полициската станица Тетово и во координација со јавен обвинител, во текот на денот ќе бидат изведени пред судија во Основниот суд во Тетово.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена