Поврзи се со нас

Македонија

Во Тетово започна со работа прифатилиште за бездомни кучиња

Објавено

на

    Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денеска го посети прифатилиштето за бездомни кучиња на Друштво за грижа на бездомни кучиња АНА АГРО ДООЕЛ во Ратае, со кое општината потпиша едногодишен договор за Програма за спроведување и решавање на проблемот со бездоми животни врз основа на јавна набавка.

    Според договорот, општината има одредено 2.542.372 денари без ддв за 12 месечното третирање на бездомните животни.

    • Кучињата бездомници ќе бидат подложени на максимален хуман третман кој опфаќа нивно заловување, транспорт до болница, прием и преглед од овластен ветеринар, тест за социјализација, лабораториски преглед за одредени болести, идентификација и водење евиденција (чипирање), стерилизирање, кастрирање, сместување, постоперативна нега, како и соодветна вакцинација, изјави Касами во прифатилиштето.

    Ветеринарот Ане Апостоловски, ангажиран во прифатилиштето, вели дека приоритет ќе биде да се заловат и третитаат агресивните и болни кучиња за кои добиваат многу бројни пријави од граѓани. Според ветеринарот, сите кучиња по ветеринарен третман поминуваат и тест за социјализација кој определува дали е безбедно да се врати на локацијата доколку никој не го вдомува.

    • Кучињата кои ги третираме поминуваат тест за социјализација на два пати и доколку не го помине, оди на еутаназија. Тоа се прави на трет ден од заловување и после оперативен зафат. Исто така се вакцинираат, се чистат од паразити и им се става идентификационен микрочип. По третирање на кучињата ако некој не ги вдоми, треба да се вратат на локација, по што ќе има наредна тура, информираше Апостоловски.

    Прифатилиштето има капацитет од 19 „боксови“ за кучиња. До сега, Општина Тетово повеќе месеци немаше оператор за третман на бездомни кучиња.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена