Поврзи се со нас

Гостивар

Во топлите месеци во гостиварско има над 100 каснувања од крлежи – заштитете се кога одите во природа

Објавено

на

Топлото време ги мами граѓаните слободните денови од викендот да ги искористат за престој и прошетки во природа. Сепак и покрај опуштањето и уживањето, по напорната работна недела, не треба да се заборави на опасностите со кои може да се соочите на отворено, особено овој период, како што се на пример разните инсекти (оси, стршлени и сл.) и крлежите.

Во пролетните и летните месеци на гостиварското подрачје се регистрираат над 100 каснувања од крлежи. Лекарите велат дека среќна околност е што најголемиот дел од пациентите поминуваат со благи симптоми од локална природа, како црвенило и јадеж на местото на каснување. Болест предизвикана од крлежи на гостиварското подрачје не е регистрирана од 2012-та година, кога во месеците мај и јуни имаше по еден случај на Лајмска болест, пренесена од крлеж.

Стручните лица предупредуваат дека е неопходна внимателност, а се препорачуваат превентивни мерки:
-да се носи облека што не остава откриени делови од телото
-краевите на панталоните да се вовлечат во чорапите, а блузите со долги ракави да бидат закопчани до крај
-по можност да се користи специјален спреј против крлежи и инсекти
-да не се нанесуваат парфеми
-да се направи детален преглед на телото по враќање дома
Реакцијата на убоди од крлежи и инсекти е индивидуална. Може да се предизвикаат полесни кожени алергии, црвенила, но и животно-загрозувачки алергиски реакции со гушење.
Лекарите советуваат при каснување од крлеж, задолжително да се побара медицинска помош: „Граѓаните имаат обичај само да се обидуваат да го отстранат крлежот, што е опасно и ризично. Секое нестручно вадење, може да доведе до компликација. Затоа мора да се обратат за помош од лекар“
На лекар треба да се јават и лицата кои по една до две недели откако биле каснати од комарци или крлеж, добиле висока температура, треска и осип по телото, за да се провери дали станува збор за некоја болст пренесена од инсектите.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 недели

Го соблекле, му го пребарувале возилото и заминале…несекојдневен случај во гостиварско

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена