Гостивар
Во Тресонче ќе се одбележат 2 века од раѓањето на познатиот Дичо Зограф

Со повеќе културни и спортски настани и активности во Тресонче ќе бидат одбележани 200 години од раѓањето на најпознатиот македонски иконописец Дичо Зограф, роден во ова малореканско село.
Програмата започнува на 31 август во 10 часот, со трка во планинско трчање „Бистра Trail Run 2019″, додека во 11 часот во црквата Св.Петар и Павле ќе биде организирано чествување на Дичо Зограф. Потоа следува пригодна свеченост под покровителство на Општина Маврово и Ростуше и отворање на Меморијален парк, спомен чешма и спомен соба посветени на еден од најзначајните мајстори на Мијачката школа.
На 1-ви септември се предвидени планинарски тури по падините на Бистра, до Лазарополе, Гари и до Галичник.
Дичо Зограф во текот на својот животен век, создал импресивен опус од над 2.000 дела за потребите на православните цркви во Македонија, Србија, Бугарија, Албанија и Грција.
фото:tresonce.mk
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите