Спорт
Во трилер натпревар КК Гостивар славеше против Кожув 78-80

Во крајно драматичен и неизвесен натпревар кошаркарите на КК Гостивар успеаа да дојдат до полн плен на гостувањето во Гевгелија, совладувајќи ја екипата на Кожув до резултат 78-80.
Домаќините фурзиозно го отворија натпреварот, постигнувајќи 29 поени наспроти 22 на гостиварци во првите 10 минути. Гостите од Гостивар се консолидираа во вториот период, одиграа фантастични 10 минути, целосно свртувајќи го резултатот до паузата во своја полза, четвртината заврши (14-26), а на полувреме се замина со резултат 43-48.
Во вториот дел следуваше изедначена борба, КК Гостивар делуваше сигурно одржувајќи ја предноста. Но се тоа падна во вода во завршницата на натпреварот. Кожув одигра најдобро кога беше најпотребно, со серија од (17-3) гевгеличани на 3 минути пред крајот имаа предност од +7 (78-71), но со шесте поени на Гетлинг и три на Тодоровиќ во серија, КК Гостивар успеа да дојде до посакуваната победа со која ја прекина негативната серија и со 35 бодови, 13 победи и 9 порази влегува во Супер-лига.
Никола Силаџи со 22 поени ги предводеше гостиварци, Гетлинг постигна 19, Ворку 11. Кај Кожув најефикасни беа Унрих со 19, односно Колев со 17 поени.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Македонијапред 3 месеци
Ноќеска поместете ги стрелките на часовниците – започнува летно сметање на времето