Вести
Во Турција отворен најдолгиот висечки мост на светот

Турција го отвори најдолгиот висечки мост во светот, изграден над Дарданелите, природната граница меѓу Европа и Азија.
„Мостот Чанаккале 1915“ е долг 4.608 метри. За поставување на главниот кабел на мостот биле потрошени 162.000 километри жица, што е доволно да се замота околу Земјата четири пати.
Мостот беше свечено отворен вчера, на 18 март, датум на кој во 1915 година, турската војска ги порази силите на Антантата.
„Мостот Чанаккале 1915, е импресивен проект. Со него постигнавме уште една алка на визијата за растот, силата и развојот на Турција. Стануваме симбол на мирот, просперитетот, правдата.“, рече на отворањето претседаталот Реџеп Таип Ердоган.
За изградба на мостот биле потрошени околу 2,5 милијарди евра.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Македонијапред 3 месеци
Ноќеска поместете ги стрелките на часовниците – започнува летно сметање на времето