Поврзи се со нас

Вести

Во угостителски објекти во Гостиварско затекнати македонски и странски државјанки кои нелегално работеле

Објавено

на

Вкупно 23 македонски државјанки и четири странски биле затекнати при акциските контроли, што полицијата синоќа во периодот од 23 часот до 2 часот по полноќ ги спровела во 4 угостителски објекти во Гостиварско и во два на тетовското подрачје, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан  Јосифовски.

По контролите во два објекти во Чегране и по еден во Гостивар и Добри Дол било утврдено дека една непријавено претстојувала додека другите нелегално работеле како пејачки и танчарки по што биле задржани од полицијата и ќе бидат предадени за натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија. Македонските државјанки кои исто така биле ангажирани како пејачки и танчарки биле приведени за расветлување на сите поедности околу нивното ангажирање во објектите во Гостиварско.

Според податоците на Јосифовски во изминатите девет месеци од оваа година на подрачјето на СВР Тетово биле спроведени вкупно 19 акциски контроли во угостителски објекти, од кои 11 на тетовските и 8 на гостиварските простори. Во нив биле откриени  62 странски државјанки од кои 36 од Република Албанија, 4 од Косово, 6 од Бугарија, 13 од Србија и по 1 од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија како и 17 државјанки на Република Македонија кои нелегално работеле или престојувале спротивно на целта, односно го злоупотребиле туристичкиот престој. Најголемиот број од девојките биле ангажирани како пејачки или танчарки за забава на гостите во објектите.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 1 час

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 3 часа

Промовирана Монографија за библиотеката во Гостивар, труд на Теута Османи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Граѓаните со истечени документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат утре

Вестипред 4 часа

Москва: Украина загуби речиси половина милион војници

Гостиварпред 5 часа

Поддршка за 12 стари занаети во Гостивар

Гостиварпред 6 часа

Обид за напад и закани вчеравечер во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Упатство за гласање на претседателските избори

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Се распределува избирачкиот материјал на ИО во Гостивар, гласаат болни и немоќни

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Молк пред утрешните претседателски избори – Денес гласаат болни, затвореници, лица во старските домови

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена