Поврзи се со нас

Гостивар

Во уникатната библиотека на гостиварецот Јанко Билбилоски: Ретки и први изданија, буквари, читанки, монографии…Полици кои сведочат за времиња, луѓе, настани

Објавено

на

Пасијата кон колекционерството и пишаниот збор гостиварецот Јанко Билбилоски ги преточува во уникатна домашна библиотека, за која е премалку да се каже дека е богата со книги од секакви жанрови, ретки, а и први изданија, на различни јазици.

За да ја почувствувате магијата на ова катче, сместено во селото Беловиште, треба да се најдете опколени со сите тие книги, грижливо и педантно подредени на полиците според тематиката, периодот на издавање, авторите… Gostivarpress.mk ја имаше честа да биде гостин во библиотеката, па ги пренесуваме атмосферата и приказната, онолку колку што фотографиите и зборовите дозволуваат.

Билбилоски, кој инаку работи како советник во Бирото за развој на образованието, отсекогаш собирал книги. Одреден број дела и комплети наследил од своите родители, како дете добивал и подарок книги кои ги чувал, а неговата библиотека денес брои околу 5.000 книги.

„Ова за мене е духовна храна, колекционерството го доживувам како дел од себе. Книги сум собирал отсекогаш, а поинтензивно на средување и збогатување на библиотеката работам во последните 5 години. Добар дел од овие книги ги набавувам по некои симболични цени, главно се продаваат преку огласи на интернет кои постојано ги следам. Понекогаш некои книги се наоѓаат кадешто ни на крај памет нема да ти текне, на пример низ градовите по некои пазари, во некои институции кога ги оттуѓуваат или даваат како подарок, има многу начини како да се дојде до книги и сакам што повеќе да ги искористам“, ни раскажа Јанко.

Во еден дел е сместена детската литература, во друг белетристиката, на посебно место се делата од еминентни македонски автори како Видое Подгорец, Марко Цепенков, Петре М.Андреевски, Кочо Рацин и други, има цело катче за книги кои датираат од пред Втората светска војна, дела од етнологија, археологија, филозофија, со историско-политичка содржина, монографии, енциклопедии…Една од постарите книги е алманах за Македонија, на македонски и француски јазик со фотографии, која датира од 1931 година, а го прикажува животот на народот, народни носии, традиции, обичаи и сл.

Една полица е наменета за книги кои се со посвета, а свое место си имаат и речници на македонски јазик, граматики, стари учебници, буквари, читанки. Тука би ги издвоиле тритомниот Речник на македонски јазик, прво издание, како и прототипското издание на првиот македонски повоен буквар, кој дава приказ како изгледал првиот буквар во самостојна Македонија во 1945 година. Дека оваа библиотека е вреден дом на пишаниот збор и своевиден книжевен музеј се докажува и со првото издание на првиот роман објавен на стандарден македонски јазик „Село зад седумте јасени“ (1952г.) од Славко Јаневски. Овде би ги вброиле и првите изданија на „Пеш по светот“ од Коле Неделковски, „Зоки Поки“ од Оливера Николова, „Белото Циганче“ од Видое Подгорец, дела од Ѓорѓи Абаџиев и Лазо Каровски. Во библиотеката не изостануваат и книги кои се посветени на настани и места од поширокиот гостиварски регион, како Галичник, Леуново, Бањица, самиот град Гостивар.

За уредување и одржување на библиотеката, освен љубов и желба, треба и време, а Билбилоски најголем дел од слободното време го поминува токму тука.

„Со оглед на работните обврски во Гостивар, во работни денови не можам да поминувам многу време овде, но саботите и неделите знам да ги посветам на библиотеката од наутро, па до приквечер. Ги редам, подредувам книгите, додавам ако има ново дело, секогаш се наоѓа по нешто да се сработи и тоа го правам со најголемо задоволство“, рече колекционерот и додаде дека изминатите денови на негово особено задоволство го посетиле група ученици со менторите од ОУ „Гоце Делчев“, ја разгледале библиотеката, се запознале со сѐ она што го има и поразговарале за значењето на книгите и читањето воопшто.

Библиотеката во иднина и ќе се прошири, со оглед на големиот број на книги кои чекаат да бидат селектирани според одредени карактеристики, а и набавката на нови дела која е постојана.

Интересно е да се спомене дека освен на книги, Билбилоски има свои колекции и на гумени играчки, значки и други предмети. Исто така, автор е на 6 книги, роднокрајна литература и стручни дела од областа на воспитно-образовниот процес.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Македонијапред 2 недели

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Гостиварпред 4 недели

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Вестипред 3 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 3 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Гостиварпред 4 недели

Во крводарителната акција на Gо Bikers од Гостивар собрани 20 единици крв

Рецептипред 4 недели

Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо

Вестипред 4 недели

Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар одбележани 80 години од загинувањето на борецот херој, Сретко Крстески

Гостиварпред 2 недели

Пронајдени гранати при ископ на тротоар во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 3 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 9 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 1 година

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена