Поврзи се со нас

Вести

Во возбудлив натпревар КК Гостивар загуби од КК АВ Охрид

Објавено

на

Во драматичен натпревар, во вистинска спортска атмосфера КК Гостивар го доживеа првиот пораз на домашен терен сезонава. Загуби од КК АВ Охрид 89:94.

Натпреварот започна со минут молчење, почит кон денеска починатиот градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски.

Уште во првата четвртина можеше да се забележи дека „шкрипи“ одбраната на КК Гостивар примија дури 28 поени (26:28). Но, во втората четвртина заиграа домаќините и ја презедоа предноста на полувреме се замина со резултат (50:43).

И третата четвртина им припадна на гостиварци, иако гостите во ниеден момент не се предадоа, максимално ја користеа слабата одбрана на КК Гостивар (77:70), во последните 10 минути веќе беше доцна за промена на мекиот пристап со кој играше вечерва домашната екипа, избрзаните шутеви, неостварување на зацртаното кошаркарите на КК Охрид максимално го искористија. Ја забележаа првата победа против КК Гостивар во Гостивар.

Ивица Димчевски беше најрасположен кај домашната екипа постигна 20 поени, Костоски 19, Тасоски и Фурстингер по 15. Кај гостите Хил постигна 20 поени.

КК Гостивар со победа имаше можност да избие на третата позиција на табелата пред гостувањето кај Работнички во следното коло. Сега се на четвртата позиција со ист број на бодови како Работнички и Фени Индустри.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена