Поврзи се со нас

Вести

Во време на епидемија на алергии на глутен -рецепт за безглутенски лепчиња

Објавено

на

Едно од најдобрите и најомилените безглутенски брашна на домаќинките е брашното од леблебии. Леблебиите се вкусни и во форма на брашно и во форма на зрна. Ова е рецепт, мешавина од брашно од леблебии и од безглутенско брашно микс Б(кое може да се најде во продавници за здрава храна). Потребни се следниве состојки:

-250мл топло млеко
-1 мала лажичка шеќер
-1 кеса сув квасец
-300гр безглутенско брашно микс Б
-100гр брашно од леблебии
-1 мала лажичка сол
-2 супени лажички маслиново масло
-150мл млака вода
-сусам
-малку масло
Подготовка
1. Стевете го квасецот во топлото млеко со шеќер и една лажичка брашно. Оставете го да стаса.
2. Во садот за месење тесто ставете брашно (измешаното безглутенско и од леблебии) , сол и масло. Ставете го надојдениот квасец и млака вода, потоа со миксер, со металните маталки за тесто, матите 5-7 минути, да се соедини. Тестото е меко и лепливо и такво треба да биде. Покријте го тестото со фолија и крпа за да надојде.
3. Вака подготвеното тесто поделете го на 8 делови
4. Од сите 8 делови формирајте лепчиња во форма на топцинја со замастени раце. Потоа наредете ги во плех и покријте ги со  фолија уште 20 минути.
5. Додека лепчињата одмараат загрејте ја рерната на 190 степени.
6. Пред да ги печете премачкајте ги со млеко и ставете им сусам, печете ги на 180-190 степени.
Вака подготвените лепчиња ќе бидат меки внатре, а крцкави од надвор.
Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена