Гостивар
Во време на пандемија во Гостивар продадени 50-тина недвижности
И во време на ковид пандемијата на подрачјето на Гостивар се купуваат станови, куќи, но и земјиште.
Според податоците од Агенцијата за катастар, во периодот од 1-ви април до 30-ти јуни во Гостивар биле продадени вкупно 49 недвижности. Од нив, 18 биле станови, 5 куќи, 2 деловни простори, 13 земјоделски земјишта и 11 градежни парцели. Истиот период под закуп биле дадени 4 станови, 15 деловни простори, 4 земјоделски и едно градежно земјиште.
Во околните рурални општини, најмногу се купувале земјоделски површини, и тоа во Врапчиште 16, додека во Маврово Ростуше 12.
Статистиката на Катастар покажува дека 6,3% од вкупниот број на станови во Гостивар се ставени под хипотека кај банки. Од запишани вкупно 52.620 станови, 3.313 се под хипотека. Споредено со останатите поголеми градови во земјава, Гостивар има помал процент на домови под хипотека и се наоѓа на 19 место.
Во периодот април – јуни 2020 година, на целата територија на Македонија се продадени 681 новоизградени станови што е за 38 станови помалку од првиот квартал во 2020 година. Согласно со статистиката на Агенцијата за катастар на недвижности заклучно со јуни, на целата територија на државата има 6.436 станови кои се изградени, а сè уште не се продадени и се нудат на пазарот на недвижности. За разлика од минатиот квартал, во овој квартал има зголемување на непродадените станови за 4 станови.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник