Поврзи се со нас

Гостивар

Во Вруток прославени 65 години постоење на ХЕС „Маврово“

Објавено

на

Во кругот на хидроцентралата „Вруток“ денес се одржа пригодно одбележување на јубилејот – 65 години од официјалното пуштање во употреба на Хидроенергетскиот ситем „Маврово“. На прославата присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министри и заменици министри во Владата, пратеници во Собранието, градоначалници, раководството на АД ЕСМ, управата и вработени во ХЕС „Маврово“, како и други гости.

Во своето обраќање, премиерот истакна дека градителите на хидроенергетскиот систем, ги задолжија идните генерации да се грижат и да ја чуваат енергетската независност.

„Во 1957 година кога започна работата на ХЕЦ „Вруток“ и кога се заокружи хидросистемот „Маврово“ се ставија во финкција капацитети кои имаа улога да ја обезбедат енергетската независност на новосоздадената македонска држава. Генерациите што го изградија хидросистемот „Маврово“ ги задолжија сите наредни, да се грижат таа енергетска независност да ја одржуваме низ годините што следуваат и се пред нас, соодветно на развојот на општеството и потребите на енергија како одговор на сите енергетски кризи со кои се соочуваме.“, рече Ковачевски, кој ја искористи приликата да најави проект за ревитализација на големите хидроелектрани вреден 29 милиони евра, а ќе се спроведува од 2022 до 2026-та година..

„Со овој голем проект ќе бидат опфатени хидроелектраните Вруток, Врбен, Равен, Тиквеш, Шпиље, Глобочица, Козјак и Света Петка. Инсталираната моќност на овие хидроелектрани изнесува околу 85% од вкупната инсталирана моќност на хидроелектраните во Република Северна Македонија. Обезбедуваат 20% од вкупното производство на електрична енергија во државата. Освен во делот на произдвството имаа значајно место и во управувањето и стабилноста на целокупниот енергетски ситем на државата, регулација на напон и фреквенција. Освен обновата на машинскиот дел на овие капацитети, дополнителна придобивка од проектото е зголемување на капациетот на акумулацијата на Маврово, што ќе обезбеди пораст на годишното производтсво на електрична енергија на година ниво за 40 гигават часови.“ , рече премиерот.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, меѓу другото се осврна на историските моменти од изградбата на ХЕС „Маврово“.

„Ни претставува чест што можеме да ви посакаме одбредојде во кругот на најстариот производтсвен капациетт во рамкките на АД ЕСМ, хидроелектраната во Вруток, која е пуштена во работа 1957 година точно на денешен датум. Таа е зачеток на денешниот хидросистем Маврово, во кој подоцна се изградени хидроелектраните Равен и Врбен и овој комплекс се смета за основа на македонското електростопанство, во периодот по Втората светска војна. Тоа се капацитети кои го издржале текстот на времето. Хидроенергетскиот ситем Маврово е граден ударнички, во едно време кога електричната енергија била луксуз и кога се поставувале основите на сигурен и стабилен енергетски ситем во државата. Според некои податоци во изградбата на овој систем преку акции учествувале 50.000 луѓе.“, подвлече генералниот директор.

На настанот свое обраќање имаше и директорот на ХЕС Маврово, Ѓорѓи Божиновски, беа доделени и благодарници на вработени за особен придонес. За овие моменти Gostivarpress.mk дополнително ќе информира во текот на денот.

Во рамки на одбележувањето беше отворена изложба на фотографии од ХЕС „Маврово“.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 6 дена

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 3 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 4 дена

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 4 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 4 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Гостиварпред 4 дена

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 5 дена

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 3 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена