Македонија
Во земјава лани 116 лица го загубиле животот во сообраќајки

Во Македонија минатата година 116 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди. Жртвите и повредите на патиштата се ненадејни и трауматски настани чие влијание е долготрајно. Затоа, да ја поттикнеме свеста на учесниците во сообраќајот за почитување на правилата и прописите во сообраќајот, а со тоа и за намалување на сообраќајните незгоди, со што ќе се намали и бројот на загинати и повредени лица. Стоп за смртта на патиштата, порачува Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).
Годишно, во светот, околу 1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони лица се здобиваат со повреди. Покрај ова, последиците од ваквите незгоди дополнително директно влијаат врз животите на уште најмалку четворица од околината на секоја жртва во сообраќајна незгода. Оттаму, овој ден има за цел да ја потсети јавноста на лицата кои настрадале во сообраќајни незгоди, да им се даде помен на истите, но и да се допре до свеста на сите учесници во сообраќајот со цел тие да размислат за сопствената одговорност, како и за последиците од сообраќајните незгоди, наведува РСБСП.
Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди се одбележува од 1993 година, а во 2005-та ООН го прогласи за Светски ден кој се одбележува секогаш во недела во третата седмица од месецот ноември.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава