Дали некогаш сте се запрашале како да ја внесете идеалната количина на вода во текот на денот?
Поголемиот број луѓе често забораваат на препорачаната дневна количина на вода. Иако на прв поглед не ви изгледа дека е важно кога пиете вода, тоа може значително да влијае на варењето на храната, на апсорпцијата на хранливите материи, па дури и на вашиот апетит.
Во текот на денот имаме повеќе оброци, а најдобро е вода да се пие 15 до 30 минути пред јадење. На тој начин може значително да го намалите апетитот, но и да му помогнете на желудникот во варење на храната. Често се случува кога чувствувате голем глад да се напиете чаша вода и да сфатите дека во прашање било жед. Навиката да пиете вода откако ќе се најадете треба да ја смените, затоа што му штети на системот за варење.
Летно време сите посегнуваме по ладна вода, за да се освежиме. Сепак, лекарите оценуваат дека е најдобро да се пие вода која е на собна температура, а не изладена во фрижидер.
Доколку пиете флаширана вода добро е да обрнете внимание на нејзиниот состав. Исто така, марката на флаширана вода треба да ја менувате секоја недела, не е добро секогаш да пиете една иста вода.