Вести
Водата и стомачната инфекција станаа дел од кампањата во Гостивар
На ден и половина пред одржувањето на вториот круг од Локалните избори, водата стана предмет за политичко препукување меѓу спротивставените табори во Гостивар.
На фејсбук страната на кандидатот Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, објавена е реклама на која пишува: „Уште колку гостиварчани треба да се отрујат за да имаме чиста вода за пиење? Време е да ставиме крај на масовното труење. Збогум Бејта“.
На објавата реагираа од огранокот на ДУИ во Гостивар при тоа презентирајќи документи од Центарот за јавно здравје за извршените анализи на водата од градскиот водовод. „Изборниот штаб на Таравари уште еднаш излегува со лаги пред граѓаните дека водата е затруена, не ги исполнува условите за пиење и заради тоа има зголемен број граѓани со стомачни проблеми.
На овие официјални документи каде резултатите се со денешен датум се гледа дека мострите вода од шест места, земени од Центарот за јавно здравје ги исполнуваат сите параметри и норми и водата е исправна за пиење. Го повикуваме одговорниот како министер за здравство повеќе да се грижи за здравјето на пациентите а не да се занимава со ширење на паника“, рече Јакуп Јакупи на прес конференцијата во оганокот на ДУИ.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 3 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба