Македонија
Водостоите на реките прилично високи, можни се одрони и свлечишта

Од УХМР известуваат дека во текот на попладневните часови се очекуваат поројни врнежи од дожд, проследени со силен ветер, град и процеси во форма на невреме. Поради можноста од краткотрајни интензивни врнежи од дожд локално е можно нагло и рапидно зголемување на водостојот на помалите реки низ земјава и суводолиците.
Исто така, во дел од градските урбани средини и населените места поради карактерот на очекуваните врнежи (интензивни со кратко времетраење) можна е локална појава на брзо истекување на атмосферската вода и појава на локални проблеми.
После врнежите во изминатите неколку дена, водостоите на реките се надпросечни и прилично високи. И покрај најавениот локален карактер на врнежите, се очекува и кај поголемите реки да останат високи водостоите и да бележат тенденција на благо покачување. Според дел од моделите за временска прогноза, источните и југоисточните делови од земјата ќе бидат подлежни на нешто поголеми врнежи во текот на попладневните часови и ноќта, каде ќе има услови за зголемување на водостоите на реките во овие делови. Поради очекуваниот пороен карактер на врнежите можна е појава на одрони и свлечишта.
Надлежните препорачуваат внимателно движење покрај реките и суводолиците, како и на оние места каде во текот на денот и вечерните часови ќе има поројни врнежи од дожд.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог