Поврзи се со нас

Вести

Војна и Мир во Буенос Аирес – Одложен натпреварот на векот Ривер-Бока

Објавено

на

Натпреварот на векот е повторно одложен. Пред 14 дена првиот дуел во Копа Либертадорес на Бомбониера беше одложен поради дожд, вчерашниот дуел го одложија навивачите.

Поради напададот на навивачите на Ривер, врз автобусот со кој се пренесуваа играчите на Бока пред Монументал стадионот. Имаше големи притисоци од ФИФА, аргентинскиот претседател Макри и челниците на јужноамериканската КОНМЕБОЛ, натпреварот да се одигра. Се одложуваше во неколку наврати, најпосле беше закажан после два и пол часа прекини, нешто пред 24 часот по европско време, но после се она што им се случуваше играчите на Бока категорично одбија да излезат на теренот, во што се солидаризира тренерот Гаљардо и играчите на лутиот ривал Ривер Плата покрај заканите од суспензија. Сите притисоци на високите функционери останаа без резултат. Натпреварот Ривер Плата – Боја Јунирос одоложен е за денес во 21 часот.

Како пишувавме за дуелот на векот во финалето на Копа Либертадорес и ривалството помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс, дефинитивно е повеќе од фудбал. Ви пренесуваме што се случуваше вчера во Буенос Аирес.

Хронолошки вчерашните настани во Буенос Аирес:

Од рани утрински часови во четвртот Бока, пред клубскиот хотел каде беа сместени играчите на Бока почнуваат да се собираат навивачи кои со песна ги охрабруваат нивните миленици пред тргнувањето кон Монументал. Некаде околу 20 часот, автобусот на Бока со играчите го испраќаат илјадници навивачи давајќи им поддршка:

20:10 часот, со самото влегување во квартот на Los Milionarios, нападнат е автобусот на Бока Јуниорс од страна на навивачите на Ривер:

Во нападот искршени се сите прозорци и има повредени играчи на Бока, кои едвај стигаат на безбедно место во стадионот, дури ја обвинуваат и полицијата дека намерно им фрлила солзавец во автобусот. Има повредени играчи кои се засолнуваат во соблекувалната. (поради инцидентот побарано е да се одложи натпреварот за 21 часот и 30 минути.)

Повикани се дополнителни амбулантни возила на прва помош да им помогнат на играчите, но надвор навивачите на Ривер не им дозволуваат да се доближат до стадионот. (поради доцнењето на амбулантните возила одложен е натпреварот за 22 часот).

Неколку играчи на Бока се пренесени во болница поради сериозноста на повредите и Бока бара целосно одложување на натпреварот, но претседателот на Аргентина и претставницита на КОНМЕБОЛ инсистираат да се одигра натпреварот.

Навивачите на Ривер Плата дознаваат дека е одложен натпреварот за 60 минути, кои се надвор од стадионот и дополнително се разбеснуваат тврдејќи дека Бока го сценира прекинот, односно намерно го избрале движењето на автобусот низ квартот на Ривер свесно провоцирајќи ги и знајќи каков ќе биде исходот. Со што надвор од стадионот почнуваат големи немири и судир со полицијата. Во Буенос Аирес настанува хаос и сите стануваат свесни дека нема да има натпревар.

Ситуацијата ескалира некаде 30 минути пред почетокот каде веќе има повредени фудбалери и навивачи надвор е тотален хаос, претседателот на ФИФА Џани Инфатино кој е гостин на натпреварот се уклучува во преговорите помеѓу челниците на двата клуба, сојузот и полицијата и покрај целата трагична ситуација инсистира да се одигра натпреварот поради однапред платените телевизиски права. Претседателот Макри го поддржува Инфатино бидејќи во Буенос Аирес започнува самитот Г20 каде се најавени Трамп, Меркел, Путин, инаку Макри е поранешен претседател на Бока, но поради лични интереси ја притиска Бока да го одигра натпреварот има неколку повредени играчи. Настанува хаос!

Во немирите се вклучуваат и навивачите на Бока, но и останати нефудбалски хулигани и анархисти кои сакаат да се судрат со полицијата. Немири има околу Монументал, во четвртот на Бока и неколку други места во градот. (натперварот се одложува за 23 часот).

Од лекарите стигнува известување дека повреди имаат: Тевез, Перез, Ламардо, Ваншоп, Нандез и Бенедето. Во 23 часот Ривер ги пријавува стартните 11 играчи, Бока не излегува на терен поради целосната ситуација. (натпреварот е одложен за 23 часот и 15 минути).

Повторно првиот човек на ФИФА слегува на терен со претседателот на Бока, обезбедувани од 60 полицајци им се заканува на претседателот и клубот доколку не излезат на терен и не го одиграат натпреварот, Бока Јуниорс ќе биде суспендирана на 5 години. (натпреварот е одложен за 23 часот и 30 минути)

23 и 30 минути, и двата клуба веќе имаат предадено пријавни листови со почетни состави, се очекува да истрчаат фудбалерите на двата клуба, излегува тренерот на Ривер Плата, Марсело Гаљардо популарниот Наполеон, ги известува високите челници и функционери дека одлуката на Бока Јуниорс е и нивна одлука, Ривер Плата ќе ги поддржи какви и да се санкциите. Немирите прекинуваат. (натпреварот е одложен за денеска во 21 часот).

Подготовките за денешниот натпревар се во тек.. Ривер Плата – Бока Јуниорс.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена