fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Вонредни анализи во Гостивар: Водата бактериолошки исправна, но била нехлорирана

Објавено

на

Зголемениот број на граѓани со стомачни тегоби изминатите денови во Гостивар, ги мобилизираше службите во Центарот за јавно здравје да направат вонредни испитувања на водата од градскиот водовод. Резултатите покажале дека физичко-хемиски и микробиолошки, водата од земените примероци била во рамки на законските прописи, но не содржела хлор.

За да биде потполно безбедна за пиење, водата мора редовно да се хлорира, нагласи доктор Берун Мустафа, раководител на подрачната единица на ЦЈЗ во Гостивар.

„Резултатите одговараат на законските прописи, физичко-хемиски и микробиолошки. Но, во анализираните примероци не беше детектиран резидуален хлор. Мора да напоменам дека резултатите се однесуваат на промероците земени во тој момент, а за претходно немаме информации за состојбата со водата за пиење. Водата кога ние ја испитувавме не беше хлорирана неколку дена. Затоа сакам да апелирам до „Комуналец“ континуирано секојдневно да ја хлорира водата, посебно во ситуација на пандемија резидуалниот хлор треба да биде на горната граница од максималната дозволена вредност. Да биде о,5 милиграми на литар. Хлорирањето мора да биде секојдневно со автоматски гасен хлор така што со тоа би имале потполно безбедна вода за пиење. Иако резултатите одговараат на законските прописи, микробиолошки се испитуваат само бактерии и ние не можеме да кажеме дека водата е потполно безбедна доколку не е хлорирана.“, изјави д-р Берун Мустафа, раководител на подрачната единица на ЦЈЗ во Гостивар

Примероците што вонредно ги анализирала службата биле земени во понеделникот, 5 октомври од пет мерни места од градскиот водовод: Малеарди, Дутлок, Питарница, Голем пазар и Центар.

Редовните анализи на водата за пиење ЈП „Комуналец“ ги врши преку друга акредитирана лабараторија избрана на тендер. Од претпријатието велат дека водата во градскиот водовод е безбедна за пиење и резултатите од физичко-хемиските и микробиолошки испитувања на земени мостри, одговараат на законски пропишаните. Контрола била направена и од инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, при што била потврдена исправност на водата.

Според нашите сознанија последниот случај со недостигот на хлор е поврзан со изведување работи и дефект и е надминат.

Сподели:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Отворени огласи за вработување во полог:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Кошаркарски клуб Гостивар А.Д
- VILLA Group DOOEL
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

СЛЕДЕТЕ нè на FACEBOOK

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!