Македонија
Воскресна вечерна богослужба и парастос за блаженоупокоениот игумен Кирил Пејчиновиќ – Лешочки

Вечерва во Лешочкиот манастир Митрополитот Тетовско-Гостиварски г. Јосиф богослужеше Воскресна вечерна богослужба и парастос за блаженоупокоениот просветител и игумен Кирил Пејчиновиќ – Лешочки во сослужение на многубројно свештенство од епархијата.
На вечерната присуствуваа родољубивите митрополити: Европски г.Пимен, митрополитот Кумановско-осоговски г.д-р Григориј, митрополитот д-р г.Јосиф.
Утре, пак, во Соборниот храм ,„Св. Кирил и Методиј” во Тетово, со почеток во 8:30 часот, ќе се отслужи света Божествена литургија, со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на архијереите и свештенослужители од епархиите на МПЦ-ОА. На литургијата ќе биде извршен чинот – канонизација на светиот преподобен Кирил Лешочки.
Верниците ќе имаат можност да пристапат, за време на литургијата и по неа, на поклонение до кивотот каде ќе бидат изложени светите мошти на светителот и до неговата прва икона. Од Тетовско-гостиварската епархија апелираат за почитување на воспоставениот ред во храмот, со цел да се запази поредокот на литургијата и да им се овозможи на сите да се поклонат и да испросат молитвено застапништво од преподобниот Кирил Лешочки.
–Ова е чин со историско значење, дело кое, со Божјата помош и по застапништвото на преподобниот, ќе донесе духовни плодови за нашиот народ и нашата Црква, а воедно претставува и несекојдневен дел од црковната традиција, кој е душеполезно да се посведочи со личното присуство. Тетово и Полошкиот регион, но и нашиот верен народ ширум татковината и светот, добиваат уште еден молитвен покровител, принесувајќи му дар и на соборното Православие, а во слава на Бога. Нека е на многу години, порачаа од Тетовско-гостиварската православна епархија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава