Гостивар
Возачите во Гостивар не почитуваат правила – 670 прекршоци за еден месец

Нема сообраќајна дисциплина низ улиците и патиштата во гостиварско, а возачите мижат пред правилата и прописите. Статистиката од полицијата го потврдува тоа. На поширокото гостиварско подрачје, во февруари вкупно биле откриени 670 различни видови сообраќајни прекршоци.
Од сообраќај се исклучени 76 возила, од кои најголемиот број биле со истечена регистрација до и над 30 дена, како и технички неисправни.
Секторот за внатрешни работи соопшти дека минатиот месец на ова подрачје, биле исклучени од сообраќај и 112 возачи, од кои 80-тина без возачка дозвола, над 20 возачи-почетници, неколку кои управувале под дејство на алкохол и други. Откриените прекршоци биле санкционирани со законски предвидените поднесоци и парични казни.
Во текот на февруари на гостиварските простори се случиле 10 сообраќајни несреќи, во кои пет лица се здобиле со телесни повреди ( двајца возачи, исто толку сопатници и еден пешак ).
Најголемиот број од несреќите регистрирани се во населено место, а најчести причини повторно се неправилно вршење дејствие, недржење растојание, неприлагодена брзина според условите на патот и неправилно престигнување, извести полицијата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?