Гостивар
Возат како на трка! Над 50 возачи казнети во Гостивар

Во рамките на континуираните контролни активности што ги презема Секторот за внатрешни работи Тетово вчера (11 октомври) од 11 до 19 часот спроведена е уште една од серијата засилени акциски контроли за брзина.
Како што соопшти полицијата, вкупно биле откриле и законски санкционирале 57 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (Тетово-24 и Гостивар-33). Од нив, 3 возачи на гостиварско подрачје пречекориле за повеќе од 70 километри на час.
При контролата, исто така, биле санкционирани и 88 пречекорувања на брзината во населено место (Тетово-66 и Гостивар-22), од кои 4 возачи во Тетово пречекориле за повеќе од 50 километри на час.
„На сите возачи-прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 30 до 400 евра во денарска противвредност.При контролата санкционирани се и 35 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-30 и ГВ-5).“, извести СВР.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до возачите да не брзаат и да ја прилагодат брзината според условите на патот, дотолку повеќе што деновиве коловозите се влажни и лизгави и само мало навнимание може да предизвика излетување и сообраќајни несреќи со сериозни последици.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден