Поврзи се со нас

Гостивар

Возел 241 км. на час на автопатот Скопје-Тетово, фатен на ноќен радар

Објавено

на

Полициски службеници на СВР Тетово синоќа од 22 до 2 часот после полноќ спроведоа акциска контрола за брзина со која се движат возилата со т.н. ноќен радар, во која вкупно се изречени 96 мерки (Тетово-66 и Гостивар-30). Од нив 41 мерка се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Меѓу нив, 6 возачи ја пречекориле брзината за повеќе од 70 километри на час над дозоленото. На фотографијата од радарот се гледа и пример на возило кај кое е измерена брзина од 241 км. на час. Возилото се движело по автопатот Скопје- Тетово.

Во контролата биле откриени и санкционирани и 55 пречекорувања на пропишаната брзина (Тетово-43, Гостивар-12) во населено место, а санкционирани, исто така, биле и 12 други видови сообраќајни прекршоци.

СВР Тетово апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и да ги почитуваат важечките знаци на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, како и на регионалните и локалните патишта и на тетовските и гостиварските улици.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ

Гостиварпред 4 недели

Продавале девојче за 50 до 200 евра, меѓу уапсените има и од Гостивар

Вестипред 3 недели

Планинско велосипедска тура „МТБ Маврово 2023“ – Во тек е пријавување

Гостиварпред 4 недели

Тамара од Гостивар ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг!

Писмапред 2 недели

ПИСМА: Граѓани од Гостивар реагираат на небезбедно градилиште

Гостиварпред 2 недели

ПИСМА: Стотина родители инсистираат на целодневна настава во ОУ „Гоце Делчев“ Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар утре хит комедијата „Обвинителка“ со легендарната Лидија Вуќичевиќ

Гостиварпред 2 недели

30 дена притвор за гостиварецот пријавен за сексуално вознемирување на малолетната внука

Гостиварпред 4 недели

Група граѓани од Гостивар со поддршка за Реџеп Таип Ердоган

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена