Гостивар
Возење без дозвола чест прекршок во Гостивар-Лани фатени над 636 лица, месецов 20-тина
Полициските службеници на СВР Тетово минатата 2022 година откриле и законски санкционирале вкупно 2364 лица, кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа. Од нив 1.728 на тетовско и 636 на гостиварско подрачје. Сите биле исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци со парична глоба од 250 евра во денарска противвредност. Толкава глоба ќе треба да платат и лицата кои им ги дале возилата да ги управуваат, иако знаеле дека непоседуваат возачки дозволи, наведува СВР. Во текот на овој месец, заклучно со денеска (23 јануари) бројот на санкционираните возачи без дозволи на тетовското подрачје изнесува 36, а на гостиварското 23.
Лани бил санкциониран и 571 возач-почетник (Тетово-453 и Гостивар-118), кои не се придржувале кон законските ограничувања за оваа категорија учесници во сообраќајот, со напомена дека паричната глоба за овој вид прекршок изнесува 200 евра во денарска противвредност.
„Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел, посебно до младите, да не седнуваат зад волан без положен возачки испит и да ги почитуваат ограничувањата предвидени за возачи-почетници. Зашто, во спротивно ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќај и негативно влијаат на вкупната безбедност на патиштата во поширокиот Полошки регион.“, подвлекува портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник