Гостивар
Возење без дозвола, честа појава во Гостивар-374 казни за половина година

Според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, на гостиварското подрачје вкупната бројка на лица кои управувале возила без дозвола и биле санкционирани во изминатите шест месеци од оваа година изнесува 374. Во истиот период биле откриени и 67 возачи-почетници кои целосно не се придржувале на ограничувањата предвидни за оваа категорија учесници во сообраќајот.
На поширокото тетовско подрачје, пак вкупно биле откриени и законски санкционирани 905 лица кои управувале возила без положен возачки испит и дозвола, како и 287 возачи-почетници.
Сите кои управувале без возачки дозволи веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци, така што согласно член 225 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, тие ќе се соочат со парична глоба од 250 евра во денарска противврденост, а истото се однесува и на возачите-почетници, кои согласно член 227 од истиот Закон ќе треба да платат глоба од 200 евра во денарска противвредност.
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш потсетува дека не треба да се седнува зад волан без положен возачки испит, зашто на тој начин се доведува во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. До почетниците повторно се апелира целосно да ги почитуваат законски предвидените ограничувања, дотолку повеќе што и едните и другите летово се приоритетен фокус на секојдневните контролни активности на ова подрачје, редовни или акциски.
СВР Тетово им укажува и на сопствениците на моторни возила да не им ги даваат на управување на лица кои немаат возачки дозволи, бидејќи во спротивно и ним ќе им бидат изготвени поднесоци и ќе им следува парична глоба од 250 евра во денарска противвредност.
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
- Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја