Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Возењето велосипед е незаменлива терапија за телото и умот

Објавено

на

Придобивките од возење на велосипед врз телесното и ментално здравје на човеко,т се навистина бројни. Ако ви треба мотив плус, за да го активирате вашиот пријател на две тркала, тогаш погледнете ги децата како уживаат насмеани и полни со енергија, додека возат велосипеди низ вашето маало.

Редовното возење со велосипед, го намалува ризикот од срцеви заболувања дури до 50%, а позитивно влијае и врз работата на белите дробови. За антистрес дејството да не зборуваме. Возењето велосипед е одлична антистрес терапија. Само 20 минути возење влијае врз намалување на хормоните кои предизвикуваат стрес и врз ослободување на ендрофин, хормон на среќата.

Доколку сакате да слабеете, возете велосипед секојдневно. За време од 60 минути возење велосипед ќе потрошите од 500 до 800 калории, зависно од напорот, патеката и слично. И не само што килограмите ќе одат надолу, ќе ги зајакнете и мускулите. При вртењето на педалите работи голема група мускули, на нозете, стомакот и бутовите.

Она што е многу важно е да го подесите седиштето соодветно, за да имате добро држање на телото и да нема никакво оптоварување. Кичмата не треба да биде искривена, а облеката мора да е лесна и практична. Се смета дека најдобро е да се вози наутро и секогаш да се држите до правилото два часа пред возење да не јадете тешка храна или обилен оброк.

Со оглед на убавите временски услови викендов, не треба да се двоумите дали да го извадите велосипедот од подрум. Уште ако си најдете пријатно друштво, возењето ќе ви биде максимално уживање.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена