Вести
Возете внимателно – децата тргнуваат на училиште!
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата започна нова едукативна кампања за поголема безбедност на најмладите во сообраќајот под слоганот: Ѕвони за час! Возете внимателно дечињата тргна на училиште!
РСБСП ги советува возачите на што треба да внимаваат:
- Кога ќе видите знак “училиште”, задолжително намалете ја брзината. Посветете внимание на движењето на децата во близина на патот и училиштето.
- Посебно бидете внимателни на пешачки премин. Намалете ја брзината навреме и благовремено застанете и препуштете ги пешаците. Особено внимавајте на децата.
- Возачите секогаш треба да имаат на ум дека децата не размислуваат за опасностите на патот. Запомнете дека тие не се во состојба да ја проценат брзината со која се движат возилата.
- Секогаш држете безбедно растојание помеѓу возилата и бидете предвидливи во однесувањето во сообраќајот. На тој начин ќе придонесете за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, вклучително и децата.
- Однесувајте се дефанзивно во сообраќајот. Затоа што само на тој начин ќе бидете во состојба да ги предвидете опасностите во сообраќајот и навремено да реагирате. Оваа е посебно важно кога возите во близина на училиште или градинка.
- Во близина на училиште или градинка внимателно одберете каде ќе го паркирате возилото. Паркирањето на тротоар или пешачки премин го попречува движењето на децата, ги насочува децата кон улицата и коловозот и на тој начин всушност директно ја загрозувате безбедноста на децата во сообраќајот. Исто така, неправилното паркирање ги прави децата невидливи помеѓу возилата и нивното преминување на улица го прави крајно опасно.
- На пристапи кон училиштата или градинките бидете двојно повнимателни. Намалете ја брзината и следете го внимателно движењето на децата во околината на улицата. Секогаш имајте на ум дека децата се крајно непредвидливи и може во секој момент да се одлучат да ја претрчаат улицата.
- Секогаш кога го превезувате вашето дете, користете детско седиште или безбедносен појас. Така вашето дете ќе биде заштитено во случај на сообраќајна незгода.
- Во близина на училиште или градинка бидете особено фокусиран и концентриран возач. Не користете мобилен телефон или други помагала кои ви го одземаат вниманието.
Покрај тоа, секој родител има обврска да го информира и запознае детето со основните правила и прописи во сообраќајот: каде треба да се движи и како да ја помине улицата, како да користи јавен превоз (доколку го користи), кој е најбезбедниот пат од дома до училиште и обратно и кои се најголемите закани за децата во сообраќајот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград