Поврзи се со нас

Гостивар

Возило излетало од патот Маврови Анови-Гостивар, повредени 2 жени

Објавено

на

Вчера (14-ти мај) во 14 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Маврови Анови – Гостивар, во близина на Мавровската крстосница, патничко моторно возило „фолксфаген поло“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 64 годишниот Ј.Ј. од гостиварско Беловиште, излетало од коловоз.

„Во несреќата, сопатничката Б.Ј. на возраст од 65 години од истото село се здобила со тешки телесни повреди, а сопатничката Е.Н. 66 годишна од гостиварско Здуње со полесни телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.“, извести полицијата.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена