Поврзи се со нас

Гостивар

Вработените на инфективно во Гостивар никако да ги добијат ваучерите што им следуваат

Објавено

на

И по повеќе од половина година, на вработените во инфективното одделение во гостиварската болница не им се дадени платежните картички кои им следуваат со третиот пакет антикризи мерки, како вклучени во борбата против ковид. Владата најави дека наскоро ќе започне да се спроведува петтиот пакет економски мерки за справување со коронакризата, а тимот на инфективно, се уште не ги добиле ваучерите, што се доделуваа лани.

Тие и во октомври преку медиумите реагираа за истиот проблем, напоменувајќи дека доставиле списоци на вработени, поднесувале и приговори, но ефект нема. Сега повторно јавно прашуваат, кога конечно ќе им бидат дадени ветените платежни картички.

„Сакам уште еднаш да потсетам дека ваучерите што требаше да ги добиеме, со по 20% од плата за март и април лани, се уште не сме ги добиле. Има револт кај голем дел од вработените на инфективно, има незадоволство. Не сакаме во овие тешки времиња да одиме со штрајкови, некои порестриктивни мерки, пожелно е надлежните уште еднаш да го разгледаат проблемот, затоа што тие ваучери државата ги вети.“, рече д-р Ратко Наумоски, раководител на инфективното одделение во Гостивар

Конкретен одговор од Владата зошто на вработените на инфективно во Гостивар се уште не им се доделени ваучерите и каде настанат проблемот, не добивме. Во одговорот од владината прес служба се вели:

„Се анализираат причините зошто е дојдено до ваква ситиација и овие здравствени работници не ги добиле платежните картички кои им следуваа со третиот пакет економски мерки за справување со пандемијата. Во меѓувреме се разгледуваат модалитети помошта да им биде исплатена во најскоро време.“

Инфективното одделение во болницата во Гостивар има персонал од 30-тина вработени.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Македонијапред 2 недели

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Гостиварпред 4 недели

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Вестипред 3 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 3 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Гостиварпред 4 недели

Во крводарителната акција на Gо Bikers од Гостивар собрани 20 единици крв

Вестипред 4 недели

Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди

Рецептипред 4 недели

Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар одбележани 80 години од загинувањето на борецот херој, Сретко Крстески

Гостиварпред 2 недели

Пронајдени гранати при ископ на тротоар во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 3 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 9 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 1 година

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена